Вака изгледа кога Берлускони го жени синот: Испливаа фотографии од свадбата, таткото не присуствувал ФОТО
Гостите кои што биле поканети на прославата ги почитувале сите мерки кои што се препорачуваат како превенција од коронавирусот.
Луиџи Берлускони (32), најмладиот син на Силвио Берлускони се венча.
Тој се ожени со својата долгогодишна девојка Федерика Фумагали (31), а венчавката била одржана во Милано на 7 октомври.
Сега протекоа фотографиите од гламурозната венчавка, а на нив може да се воочи дека биле запазени сите мерки за заштита од коронавирусот кој што повторно „беснее“ во Италија.
Силвио Берлускони, таткото на младоженецот, не присуствувал на венчавката затоа што во тој момент сè уште го очекувал негативниот тест за коронавирусот. Берлускони беше позитивен на коронавирусот.
Инаку, Луиџи и Федерика се запознале на Универзитетот во Милано уште во 2011 година и оттогаш се во емотивна врска.
Нивната љубов поминала низ многу турбуленции, но на крајот секако дека била крунисана со брак.