Вака изгледа британскиот коронавирус, го снимиле руски научници

Руските научници тврдат и дека развиле ПЦР- тестови кои можат да ја откријат новата варијанта на вирусот.

652

Научници на руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство тврдат дека први снимиле микроскопска фотографија на британската варијанта на коронавирусот, пренесува Спутник.

Државниот истражувачки центар Вектор стана прв во светот кој го фотографирал новиот сој на британскиот коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографијата на вирусот под микроскоп е направена во тек на истражување на новиот коронавирус, вклучувајќи ги и структурните карактеристики и нивната експресија во културите на клетките и со експерименталните модели со користење на лабораториски животни, се вели во соопштението.






Руските научници тврдат и дека развиле ПЦР- тестови кои можат да ја откријат новата варијанта на вирусот.

– Мутациите кои се карактеристични за британскиот сој на коронавирусот не влијаат на ефикасноста на вакцината ЕпиВацКорона, кои во себе содржат пептидни антигени кои се меѓу конзервативните делови на вирусниот протеин, а на кои не влијаат промените кои се откриени во вирусот- се вели во соопштението.

Поврзани содржини