ВАКА ДЕНЕС ИЗГЛЕДААТ ДЕЦАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН Парис e нереално убавa, најмладиот син не сме го видиле со години (ФОТО)

На овој спектакл се појавиле и трите деца на Мајкл Џексон – Парис, Принц и Принц Мајкл втори попознат по прекарот Биги или по некогашниот прекар Бланкет (Ќебе).

208

Бродвејскиот мјузикл посветена кралот на поп музиката – Мајкл Џексон, не ги собра само „обичните“ Американци, туку таму се појавиja и неговите деца за кои денес не се знае толку многу.

Во театарот „Нил Сајмон“ било приредено ново бродвејско шоу за популарниот и контроверзен уметник Мајкл Џексон.






Мјузиклот под називот „MJ: Мusical“ се одиграл на Бродвеј, а кралот на поп музиката Мајкл Џексон го одглумил Мајлс Фрост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Quién (@quiencom)

Црвениот тепих по тој повод бил неизбежен.

На овој спектакл се појавиле и трите деца на Мајкл Џексон – Парис, Принц и Принц Мајкл втори попознат по прекарот Биги или по некогашниот прекар Бланкет (Ќебе).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by britty morrison (@brittywhitfield)

Биги Џексон не се појавува во јавноста веќе со години, и тоа во исклучително ретки прилики, а ова е очигледно една од нив. Пред тоа, се појавил само во емисијата „Добро утро Британијо“, минатата есен кога зборувал за климатските промени.

Парис и Принц прошетале на црвениот тепих пред шоуто, а своите места ги зазеле кога светлата се исклучиле, и тоа во друштво на нивниот најмлад брат Биги. Во текот на овој мјузикл, Парис плачела во публиката, а особено емотивен момент бил и кога главата ја потпрела на рамото од својот брат.

Од театарот излегла со браќата пред светлата да се вклучат, завесата да се спушти, не чекајќи го громогласниот аплауз на крајот.

Да потсетиме, Принц и Парис се децата кои Мајкл ги добил со медицинската сестра Деби Роу, својата втора сопруга. Биги го родила сурогат-мајка. Сите три ги одгледуваше на ранчот „Недојдија“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bigi Jackson fans (@bigijackson_fans)

Биги во јавноста е познат на многу чуден начин. Кога имаше само девет месеци татко му го покажа на собраните луѓе пред терасата од хотелот во Берлин во кој престојуваше, а на фотографијата се гледа како со едната рака го држи бебето на голема и мафта со неа кон обожавателите, што многумина тогаш ги наежи.

Парис е родена во 1998 година, а уште оттогаш е во центар на вниманието на светската јавност поради славата на татко ѝ. Парис има вонсериска убавина, со неверојатно убавите зелени очи.

Кога тој починал, таа имала само 11 години, а мајката Деби ја запознала кога имала 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @parisjacksonrocks

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини