„ВАГНЕР“ НЕ ТРГНА НА МОСКВА ЗА ДА ГО СОБОРИ ПУТИН! Се огласи Пригожин, за првпат по бунтот

Во меѓувреме рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“.

804

Водачот на приватната професионална воена формација „Вагнер Евгениј Пригожин зборуваше за прв пат откако неговите војници, кои се движеа кон Москва во саботата, се повлекоа.

Тој објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и дека неговата платеничка фирма мора да престане да постои на 1 јули, пренесува Би-би-си.






Пригожин јасно ставил до знаење дека не го таргетирал Путин кога објави дека неговите трупи ќе маршираат кон Москва.

– Ние не марширавме за да го собориме руското раководство. Целта на маршот беше да се избегне уништувањето на Вагнер и да се повикаат на одговорност службениците кои направија огромен број грешки со своите непрофесионални постапки. Марширавме за да го демонстрираме нашиот протест, а не за да ја собориме владата – вели Пригожин во својата аудио порака.

Во меѓувреме рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“.

-Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат осум илјади борци – пренесуваат руските медиуми.

 

Поврзани содржини