Поврзани содржини
Вајолет Афлек, 20-годишната ќерка на холивудските ѕвезди Џенифер Гарнер и Бен Афлек, беше фотографирана во Њујорк како носи заштитна маска, за време на прошетката со својот татко.
Младата активистка била забележана пред хотелот „Витби“, каде што престојувала заедно со Бен Афлек, кој во градот престојува поради промоцијата на својот нов филм.
Вајолет, која моментално ја заокружува првата година студии на Универзитетот Јејл, се појави во црн капут, розев топ и фармерки со шарен дезен, со ранец и дискретен моден детаљ во розова боја. Косата ѝ беше пуштена, а стилот – ненаметлив, но препознатливо нејзин.
Бен Афлек, пак, беше облечен во син капут, кошула и фармерки, додека истовремено ја промовира криминалната драма „The Rip“, во која повторно соработува со својот долгогодишен пријател Мет Дејмон. Двајцата актери неодамна заедно гостуваа и во шоуто на Хауард Стерн.
Појавувањето на Вајолет во јавноста доаѓа неколку месеци откако таа привлече големо внимание со својот говор во Обединетите нации, каде што повика на поголема грижа за квалитетот на воздухот и задолжителна употреба на маски во затворени простори, особено во медицински установи. Настапот беше дел од настанот „Healthy Indoor Air: A Global Call to Action“, одржан во септември 2025 година во Њујорк. Многу луѓе ја сметаат за параноично „непо бебе“.
@nbcnews Jennifer Garner and Ben Affleck’s daughter Violet Affleck implored members of the United Nations to explore clean air efforts in an address at the Healthy Indoor Air: A Global Call to Action panel.
Во својот говор, Вајолет истакна дека враќањето на „старото нормално“ без соодветни превентивни мерки претставува сериозна негрижа, особено кон децата и ранливите групи. Таа отворено зборува и за сопственото искуство со поствирусна здравствена состојба, што, како што вели, ја поттикнало да се ангажира поактивно во јавното здравје.
Во својот говор таа повика на универзално усвојување на инфраструктура за чист воздух и задолжителни маски за борба против COVID-19 и долготрајниот COVID.
Инаку, Вајолет Афлек е позната по тоа што доследно ги изразува своите ставови и преку модата. Во минатото таа беше фотографирана со облека и симболи кои испраќаат пораки за глобалното здравје, климатските промени и човековите права. Минатата година објави и авторски текст во Yale Global Health Review, каде што пишуваше за справувањето со ковид-кризата и потребата од долгорочни системски решенија.