ОВА Е МНОГУ ПОРАЗЛИЧНО ОД КОСОВО Путин вели дека „отцепените“ сами одлучиле на референдум

Луѓето кои живеат во Севастопол сами одлучија, неколку пати кажав колку ова е различно во однос на Косово, бидејќи имаше референдум. Никој не ги принуди да излезат на избори и тие решија да ѝ се приклучат на Русија и ние треба да ги почитуваме, изјави синоќа рускиот претседател.

1,864

Ситуацијата со Луганската и Доњецката Народна Република е многу поразлична од ситуацијата со Косово, истакна рускиот претседател Владимир Путин во неговото вчерашно обраќање кон нацијата, а кое заврши со потпишување на указ за признавање на независноста на овие региони, пишува Мондо.

– Луѓето кои живеат во Севастопол сами одлучија, неколку пати кажав колку ова е различно во однос на Косово, бидејќи имаше референдум. Никој не ги принуди да излезат на избори и тие решија да ѝ се приклучат на Русија и ние треба да ги почитуваме. Тие кои се горди што се демократи треба да ја признаат нивната одлука бидејќи тоа е највисокиот израз на демократијата – референдум – рече Путин.






Претседателот на Русија го коментираше и договорот од Минск, кој рече дека на него работат со години. Да потсетиме, договорот од Минск беше потпишан во февруари 2015 година и значеше прекин на вооружените конфликти во Украина. Еден од клучните услови на договорот беше ОБСЕ да ги надгледува првите линии на фронтот, како и да започне дијалог за локалните избори во областите окупирани од проруските бунтовници.

– Договорот го направивме во Минск и со него се занимаваме осум години. Овие документи беа потпишани од лидерите на републиките и потоа се договоривме за компромис, кој не беше лесен. Овие републики не сакаа да бидат дел од договорот од Минск. Сето ова беше сведено на нула, а договорите од Минск беа уништени многу пред признавањето на независноста на Донбас. Лидерите од Киев рекоа дека не сакаат да ги почитуваат овие договори. Ајде да ја донесеме одлуката ние – Договорите од Минск повеќе не постојат – рече Путин.

Поврзани содржини