ВАЉБОНА АДИЛИ ЕМИНИ НОВА ПРАТЕНИЧКА НА ВРЕДИ Државната изборна комисија го верификуваше нејзиниот мандат

Собранието денеска констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18 мај поднесе оставка од сите функции во партијата Алијанса на Албанците, како и од функцијата пратеник, откако Арбен Таравари ја напушти власта, како и коалицијата Вреди. 

203

Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди, кој неодамна поднесе оставка од пратеничката функција.

На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што ѝ се издава писмено уверение.






Претходно денеска Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани. Тој на 18 мај поднесе оставка од сите функции во партијата Алијанса на Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност. Неговиот потег уследи откако Арбен Таравари поднесе оставка од позицијата министер за здравство и ја напушти власта, како и коалицијата Вреди.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето на АА до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

„Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи. Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите“, посочи Сулејмани.

Тој објасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата Вреди ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.

Поврзани содржини