ВЉУБЕНИЦИТЕ НА ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДОБИЈА СПЕЦИЈАЛНА ПЛАТФОРМА На ptici.mk секој може да учи и да споделува знаења

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт за прибирање податоци за птиците, ptici.mk, наменет за македонските ентузијасти и истражувачи на птици.

91

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk, виртуелно место каде македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе можат да учат и да споделуваат знаења за видовите птици.

Новиот сајт за прибирање податоци за птиците беше промовиран вчера, пред десетици вљубеници во природата и во птиците. Заменик-директорот на Македонското еколошко друштво, орнитологот Методија Велевски раскажа за идејата и за процесот на создавање на оваа платформа, која е прва од овој вид во Македонија.






Настанот беше одлична можност за македонските истражувачи на птици, професионалци и аматери, да се соберат на едно место и да ги споделат своите искуства, знаења и предлози за идни подобрувања на платформата за птици.

– Сајтот ptici.mk е замислен како платформа за поддршка на растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, со што се придонесува кон унапредување на граѓанската наука. Апликацијата бара основно предзнаење во препознавање на птици, но е доволно лесна да ги предизвика и почетниците набљудувачи да ја користат, даучат и да ги забележуваат птиците околу нив – рече Данка Узунова, орнитолог и проектен координатор во МЕД.

Поврзани содржини