Вљубена до уши: Јелена Розга во врска со сплитски готвач ФОТО

1,894

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) наводно веќе некое време е во емотивна врска со сплитскиот готвач Иван Пажанин (36).

Јелена и Иван, кој е седум години помлад од неа, наводно се запознале во март годинава кога таа гостувала во неговата емисија „Гуштан… со Пажанин“, а тогаш покрај пејачката гости биле заедно и Тончи Хуљиќ и пејачот Јоле.






Тогаш Тончи наводно рекол дека смета дека е време Јелена да се омажи, а Јоле додал дека Иван е слободен и дека и нему му се ближи времето за брак, па Тончи и Јоле се согласија дека пејачката и куварот ќе бидат идеална двојка. Јелена и Иван наводно останале во контакт и по снимањето, а се наведува дека готвачот ја освоил русокосата пејачка со својата култура и внимание. Наводно, имало и заеднички вечери, пишува „Стори.хр“.

„Стори.хр“ од извор близок на 43-годишната Јелена и 36-годишниот Иван дознава дека тие двајца се среќни и за вљубени веќе извесно време.

По раскинувањето на повеќегодишната врска и свршувачка со познатиот виолончелист од „2Челос“, Стјепан Хаусер, Јелена повторно е вљубена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Pazanin (@pazanin.ivan)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Pazanin (@pazanin.ivan)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини