В СРЕДА ЗА ПАЗАРУВАЊЕ ПОНЕСЕТЕ ПЛАТНЕНА ИЛИ ПЛЕТЕНА ТОРБА Кеситe ќе се наплаќаат по 15 денари
Истовремено од среда се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.
Од среда во сите трговски објекти пластичните биоразградливи кеси ќе се наплаќаат по 15 денари. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на кесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.
Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните да се префрлат на кеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од еколошки материјали.
Истовремено од среда се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.
Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.