В САБОТА ЌЕ ВРНЕ, В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА ВРЕМЕТО Темперaтурите ќе достигнат 19 степени
Од недела до вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени.
Од недела до вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.