В ПОНЕДЕЛНИК БЕЗ ВОДА ЖИТЕЛИ НА ЦЕНТАР Ќе немаат вода и три села во Сарај

Без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата Христо Смирненски.

62

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека зафатот кој беше најавен за 07.11.2025 год. поради одредени технички пречки се одложува за 10.11.2025 год. (понеделник) :

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди. (Општина Центар).






Исто така во понеделник (10.11.2025 година) ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во с. Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче, Копаница и Бојане. (Општина Сарај).

Поврзани содржини