В петок средба Мицкоски – Пендаровски, ќе се разговара и за „27 април”

ВМРО-ДПМНЕ не очекува Пендаровски да ги помилува осудените и не бара амнестија, туку повторување на процесот и правда.

436

На барање на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, в петок ќе се одржи средба на Христијан Мицкоски со претседателот Стево Пендаровски.

На денешниот брифинг со медиумите, Мицкоски соопшти дека на средбата ќе се разговара за судскиот процес „27 април” и за актуелната политичка ситуација во земјата.






До ова своевидно одмрзнување на односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и шефот на државата доаѓа по изјавата на Пендаровски дека осудените за насилствата во македонскиот парламент не се виновни за тероризам.

На прашање на новинарите, Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не очекува Пендаровски да ги помилува осудените и не бара амнестија, туку повторување на процесот и правда.

Поврзани содржини