В НЕДЕЛА Е НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ Спремете ги маските!
Костимите за Ноќта на вештерките традиционално се подготвувале според натприродни ликови како што се чудовишта, духови, костури, вештерки и ѓаволи.
Ноќта на вештерките (Halloween) е празник што се што се слави на 31 октомври. Ова е народен празник, чии симболи се црната и портокаловата боја, како и фенер од тиква. Активностите поврзани со овој празник вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви (jack-o’-lanterns), „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање хорор филмови.
Костимите за Ноќта на вештерките традиционално се подготвувале според натприродни ликови како што се чудовишта, духови, костури, вештерки и ѓаволи. По извесно време, изборот на костими се проширил опфаќајќи и популарни ликови од книжевноста, славни личности и архитипови како нинџи и принцези. Облекувањето костуми и маскирањето на Ноќта на вештерките преовладувале во Ирска и во Шкотска до доцниот 19 век. Преоблекувањето за забавите на Ноќта на вештерките станало популарно во САД во раниот 20 век, и за возрасните и за децата.
Првите масовно произведени костуми за Ноќта на вештерките се појавиле во продавниците во 1930-тите кога играта прелажи-или-почести се стекна со популарност во Соединетите Држави. Костимираните забави за Ноќта на вештерките генерално се одржуваат на или околу 31 октомври, често во петок или во сабота пред Ноќта на вештерките.