В НЕДЕЛА ДА ЈА ЗАОКРУЖИМЕ ПОБЕДНИЧКАТА СЛИКА Во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ влегува со голем оптимизам и со голема предност

Партијата наведува дека за неа „нема мала или голема општина“, и дека се залага за секој граѓанин, без разлика дали живее во рурална или урбана средина.

140

По првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освојувајќи 33 општини и мнозинство во советите во најголемиот дел од нив, оценува партијата.

Според Центарот за комуникации на партијата, вториот круг е нов предизвик, но нивните кандидати за градоначалници влегуваат во трката со значителна предност во 21 од вкупно 27 општини каде што изборниот процес продолжува.






Од партијата посочуваат дека нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има недостижна предност од над 60 илјади гласа пред противкандидатот. Како што додаваат, предност имаат и кандидатите Дејан Митески во Аеродром, со околу 9.500 гласа повеќе, и Сотир Лукровски во Карпош, со предност од приближно 1.500 гласа.

„Битката во вториот круг продолжува и во Шуто Оризари, каде што одиме со голема мобилизација за пресврт и победа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека за неа „нема мала или голема општина“, и дека се залага за секој граѓанин, без разлика дали живее во рурална или урбана средина.

„Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство“ – се наведува во соопштението.

Во однос на советничките места, според податоците на ДИК, во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ освоила 15 советници, во Карпош 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје 18.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека очекуваат масовна поддршка во вториот круг на 2 ноември, за, како што наведуваат, „да се заокружи победничката слика што ќе значи развој на општините, напредок и реализација на проекти“.

„Токму затоа, в недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ“ – се вели во соопштението на партијата.

 

Поврзани содржини