В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ЈА ЗАГРОЗУВА ЈАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ Не се пријавил за нови пожарникари, ниту за специјалните возила

Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. Венко Крстевски свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи - на народот, на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси, прашува ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

3,198

Опасна незаинтересираност, в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски ја загрозува јавната безбедност, предупредува ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

„Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на противпожарните единици. Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата!“, се вели во објавата на ВМРО-ДПМНЕ Кочани на Фејсбук.






Ова е срамно и неодговорно однесување, се додава.

„Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот, на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси? Да потсетиме: истиот овој в.д. градоначалник беше против отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква, сега повторно кочничар, но овојпат на сметка на јавната безбедност и заштитата од пожари!“, предупредува партијата.

Ова не е само административен пропуст, се потенцира, ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани.

„Наместо нови вработувања, нова опрема и модерна служба – поради неспособноста на Венко , Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари.
Време е за одговорност. Време е за промени. Кочани заслужува раководство кое ќе се грижи, а не ќе попречува“, се вели во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини