В ЧЕТВРТОК ВОНРЕДЕН САМИТ НА ЕУ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР НА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП Ќе се договараат контрамерки на царините и одбрана на Гренланд

ЕУ подготви пакет царински контрамерки против американските тарифи, кои би можеле да влијаат на вкупно 93 милијарди евра американска стока. Тој пакет беше суспендиран откако беше постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД во јули.

35

Лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат за одговорот на Европа на заканите на САД за нови царини и преземање на Гренланд.

Самитот ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот.






Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ се обидува да избегне ескалација, да избегне воведување тарифи, кои не се добри за никого.

– Дијалогот е подобар од ескалацијата. Одговорното и зрело раководство повикува на воздржаност – рече Гил, истакнувајќи дека ЕУ има алатки на располагање за да одговори и е подготвена да ги користи доколку американскиот претседател го одржи своето ветување да воведе дополнителни тарифи за осум европски земји, од кои шест се членки на ЕУ.

ЕУ подготви пакет царински контрамерки против американските тарифи, кои би можеле да влијаат на вкупно 93 милијарди евра американска стока. Тој пакет беше суспендиран откако беше постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД во јули.

Портпаролот Гил изјави дека суспензијата истекува на 6 февруари, што значи дека ЕУ ќе воведе царини за цела низа американски производи во вредност од 93 милијарди евра веќе следниот ден, 7 февруари, освен ако Комисијата, во консултација со земјите-членки, не одлучи да ја продолжи суспензијата.

„Тоа не е само трговско прашање – тој врши огромен, неочекуван притисок врз трансатлантските односи“, изјави раководителот на макро-истражувањата на ING Research, Карстен Брзески.

Тој процени дека ова е веројатно најтешката ситуација за трансатлантските односи од крајот на Втората светска војна.

„Нема победници во трговските војни“, рече тој.

Комесарот на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурнe, претходно изјави дека ЕУ има „алатки“ да го одврати Доналд Трамп од наметнување нови царини на земјите кои се противат на анексија на Гренланд од страна на САД.

– Гренланд никогаш нема да биде американски. Tаа уцена мора да престане. Ако не го кажеме тоа јасно, ќе почне трка, и не знам каде ќе заврши оваа желба за моќ и анексија на Гренланд. Мислам дека американската влада прави голема грешка: ја тестира Европа врз основа на два фундаментални принципи на европската интеграција – самоопределувањето на народите и територијалниот суверенитет на земјите-членки на ЕУ – изјави Сежурнe за радио „Франс Интер“.

Во случај на примена на санкции од САД, голем број можни мерки на ЕУ вклучуваат, на пример, забрана за учество на американските компании на европските тендери за јавни набавки, објасни Сежурне.

Поврзани содржини