УЗУРПИРАН ПРОСТОРОТ МЕЃУ МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА И ФИЛХАРМОНИЈАТА Двете институции реагираат на скандалозните градежни активности

Последиците од можна хаварија односно попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие институции – се вели во реакцијата.

1,315

Факултетот за музичка уметност, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата најостро реагираaт на, како што велат, скандалозните активности за узурпирање на јавниот простор помеѓу објектот на ФМУ, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата.

Имено, просторот околу двата објекта се оградува за вештачки да се создаде пат/улица за тешката механизација која треба да го исфрли шутот од изгорениот обект на поранешната Комерцијална банка. За таа цел ќе бидат исечени дрвата, ќе биде уништен плочникот и ќе се доведе во прашање безбедноста на двата објекти.






Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие институции. Во подрумските простории кои се веднаш под овој отпеден „коридор“ се држи настава.

Последиците од можна хаварија односно попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Веќе се чувствува наршената статика во балетските сали кои се дел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Работите се во пол ек ( предпразнично) што дополнително ја доведува во прашање оправданоста и почитувањето на прописите кои се применуваат во оваа сфера. Поради тоа најостро реагираме и бараме итно и неодложно стопирање на градежните работи и почитување на основните норми на градење замајќи во предвид дека се работи за образовани институции т.е. за ученици и студенти, за нивното здравје и нивната безбедност, се вели во нивната реакција.

Поврзани содржини