НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД ИМА 28.828 НОВОЗАРАЗЕНИ Скоро пола од нив се од околината на Атина

Уште 28.828 Грци се заразиле со корона, а 12.500 од нив се од областа Атика, дел од Атина, јави МИА.

918

Нов црн рекорд забележа нашиот јужен сосед Грција во последното деноноќие и им се придружи на Франција и неколку европски земји во уривањето рекорди. Уште 28.828 Грци  денеска се заразиле со корона, а 12.500 од нив се од областа Атика, дел од Атина, јави МИА.

За 24 часа починаа 72 лица, а 620 пациенти (15 помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 529, односно 85.32 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани. Досега во Грција се потврдени вкупно 1.134.713 случаи на Ковид-19, а починаа 20.636 луѓе.






Новите европски рекорди можеби се должат на заедничкото ширење на омикрон и на делта-сојот.

Поврзани содржини