ЈУЖНИОТ СОСЕД БРОИ 40.000 НОВОЗАРАЗЕНИ 17.000 од нив се од Атина
Четврт ден по ред Грција урива рекорди со бројот на заразени. Досега 20.790 грчки граѓани ја изгубија битката со коронавирусот.
Кај јужниот сосед има повеќе од 40.000 заразени со коронавирусот за едно деноноќие.
Новозаразените се од 544.466 направени тестови, а повторно, најголемиот дел од случаите, 17.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Починале 76 луѓе од вирусот, а 627 пациенти (девет помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 541, односно 86,28 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Четврт ден по ред Грција урива рекорди со бројот на заразени. Досега 20.790 грчки граѓани ја изгубија битката со коронавирусот.