Јужна Кореја вели дека Ким е „жив и здрав“
Здравјето на Ким Јонг-ун стана тема во светските медиуми кога тој не се појави на 15 април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун е „жив и здрав“, објави Јужна Кореја, во време на шпекулации за неговото здравје. Советникот за надворешна политика на Јужна Кореја, Мун Џае Јинг, за „CNN“ изјави дека Ким Јонг-ун е „жив и здрав“ и дека „досега не се забележани сомнителни случувања“.
Официјален Сеул вели дека не се случува ништо што покажува дека Ким е болен.
Здравјето на Ким Јонг-ун стана тема во светските медиуми кога тој не се појави на 15 април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека тврдењата во медиумите дека Ким е сериозно болен не се потврдени, но не кажа дали бил во контакт со претставници на Пјонгјанг.
„CNN“ објави претходно оваа недела дека САД ги следи разузнавачките информации дека Ким е „во сериозна опасност по операцијата“, според американски официјален претставник. Друг официјален претставник на САД изјави во понеделникот за „CNN“ дека загриженоста за здравјето на Ким е веродостојна, но нивната сериозност е тешко да се процени.
После извештајот на „Daily NK“, онлајн весник со седиште во Јужна Кореја, кој се фокусира на Северна Кореја, дека наводно врз Ким била извршена операција на срцето поради „прекумерно пушење, дебелина и прекумерна работа“. Потоа беше информирано дека Лидерот сега прима третман во вила во округот Хиангсан.
Откако процениле дека состојбата на Ким е подобрена, повеќето од медицинскиот тим кои го лекуваат, се вратија во Пјонгјанг на 19 април, додека дел од нив останале да го следат неговото закрепнување. „CNN“ не е во состојба самостојно да го потврди извештајот.
Во неделата, сепак, севернокорејскиот државен весник „Rodong Sinmun“ рече дека Ким им упатил благодарност на работниците кои помогнале во реновирање на градот Самчијон во Северна Кореја. Од „CNN“ велат дека не можат самостојно да ја потврди автентичноста на извештајот од неделата и дали благодарноста е дојдена директно од Лидерот.
Ова не е првпат севернокорејските медиуми да известуваат за активностите на Ким откако се појавија вести за неговите потенцијални здравствени проблеми.
Специјален воз кој можеби му припаѓа на севернокорејскиот водач Ким Јонг-ун е забележан во летувалиште во земјата, според сателитските снимки кои ги поседуваат американските експерти од проектот за следење на активностите во Северна Кореја, во екот контрадикторните извештаи за неговата здравствена состојба и местото на коешто престојува.
Проектот „38 North“, во рамките на Американско-корејскиот институт од универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, во својот извештај од саботата наведува дека возот бил на „перонот за функционери“ во Вонсон на 21-ви и 23-ти април. Овој перон бил наменет за користење од страна на семејството Ким, се додава во извештајот.
Иако во извештајот се наведува дека веројатно станува збор за возот на Ким Џонг-ун, „CNN“ не може да го провери тоа од независни извори, ниту фактот дека специјалната блиндирана композиција се наоѓа во Вонсон.
– Присутноста на возот не докажува дека Ким престојува таму, ниту нешто друго не говори за неговото здравје, но дава тежина на извештаите дека Ким престојува на елитно место на источниот брег – се наведува во извештајот.