Јужна Кореја планира да вакцинира 80 проценти од населението

Вакцините за 44 милиони луѓе се доволни за повеќе од 80 проценти од нашето население. Можеме да постигнеме имунитет на стадо, изјави денеска Им Ин-Таек од Министерството за здравство.

231

Јужна Кореја планира да вакцинира 80 проценти од своето население против Ковид-19 до ноември следната година и на тој начин да стекне колективен имунитет.

– Вакцините за 44 милиони луѓе се доволни за повеќе од 80 проценти од нашето население. Можеме да постигнеме имунитет на стадо, изјави денеска Им Ин-Таек од Министерството за здравство.






Како што пренесува Си-Ен-Ен, Им вели дека јужнокорејското Министерство за храна и безбедност на лекови ќе ја одобри вакцината на „Модерна“, без оглед на одлуката на американската ФДА.

Министерството минатата недела соопшти дека земјата ќе воведе вакцини за 44 милиони луѓе од неколку производители, вклучувајќи ги „АстраЗенека“, „Фајзер“, „Јансен“ и „Модерна“.

Поврзани содржини