Јужна Кореја ја прекина имунизацијата со АстраЗенека за лица под 60 години

413

Јужна Кореја одлучи да ја прекине програмата за имунизација од ковид-19 со вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години поради загриженост за згрутчување на крвта, јави Јонхап.

Организирани да започнат утре, исто така, ќе бидат откажани и програмите за вакцинација со „Астра Зенека“ за инструктори за специјално образование и наставници во градинки, основни и средни училишта, за вкупно околу 70.000 лица. Со нарушување на распоредот за вакцинација, Јужна Кореја би можела да биде под силен притисок да постигне имунитет на стадо до ноември.






– Ја донесовме оваа одлука за претпазливост за пред се да ја ставиме безбедноста на луѓето кои примаат вакцини против ковид-19  – рече шефот на корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Тој додаде дека „врз основа на наодите на ЕМА, ќе се спроведат дискусии со експерти и брзо ќе се реагира“

Поврзани содржини