Јужна Африка: До 90% од новите пациенти имаат oд новиот вид на вирус

Јужноафриканците го нарекоа новиот вид „501.V3“, а беше откриен од генетичарите кои го следеа вирусот „САРС-КОВ-2“, пренесува „Ројтерс“.

276

Јужна Африка објави дека новиот вид на ковид-19 може да предизвика преоптоварување на здравствениот систем, имајќи предвид дека во 80 до 90 проценти од ново регистрираните случаи е идентификувана новата мутација.

Јужноафриканците го нарекоа новиот вид „501.V3“, а беше откриен од генетичарите кои го следеа вирусот „САРС-КОВ-2“, пренесува „Ројтерс“.






Новиот тип на ковид-19 е забележан на југ и југоисток на Јужноафриканската Република и е доминантен во случаите што се забележани од октомври, додаваат научниците.

Првиот случај на мутиран вирус со голема стапка на инфекција е откриен во заливот Нелсон Мандела, долж источниот брег на Јужна Африка, од каде што брзо се проширил во другите провинции.

Поврзани содржини