„УЖИВАМ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ НА ТЕРЕНОТ“ Кејн дојде до бројката од 100 голови во дресот на Баерн

Кејн дојде до бројката од 100 голови на својот 104 натпревар за Баерн и стана играчот кој најбрзо постигнал 100 голови за еден клуб во петте најсилни европски лиги.

56

Англискиот напаѓач Хари Кејн изјави дека „ужива во секој момент на теренот“ во дресот на Баерн Минхен, откако синоќа беше двоен стрелец во триумфот над Вердер Бремен од 4-0 во воведниот натпревар од петтото коло во Бундеслигата, што беше негов 100 гол откако му се приклучи на актуелниот германски првак.

Кејн дојде до бројката од 100 голови на својот 104 натпревар за Баерн и стана играчот кој најбрзо постигнал 100 голови за еден клуб во петте најсилни европски лиги.






– Одигравме уште еден многу добар натпревар. Почнавме добро и можевме да постигнеме два гола веќе на почетокот. Но, потоа доминиравме, што е добро – рече Кејн, кој првиот гол го постигна од пенал во 45 минута, а вториот во 65 минута.

Кејн, кој му се приклучи на Баерн во 2023 година од редовите на лондонски Тотенхем, ги отфрли шпекулациите дека размислува за враќање во англиското првенство.

– Не, не во моментов. Среќен сум тука и имам уште две години од мојот договор. Уживам во секој момент на теренот, ми се допаѓа тимот и тренерот и се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови – додаде Кејн.

Баерн е лидер во германското првенство со пет победи по воведните пет кола.

Поврзани содржини