УЖИВААТ ВО ЉУБОВТА Погледнете ја новата фотографија на вљубените Петар Грашо и Хана Хуљиќ (ФОТО)
На фан-страницата на Петар Грашо беше споделена фотографија на која Хана и Грашо стојат во ресторан со чаши вино во рацете.
Романсата помеѓу хрватскиот пејач Петар Грашо и ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ, продолжува да ја интригира јавноста, а на Инстаграм сега се појави уште една фотографија на која може да се види како парот позира заедно.
На фан-страницата на Петар Грашо беше споделена фотографија на која Хана и Грашо стојат во ресторан со чаши вино во рацете.
Судејќи по облеката што ја носат, многумина претпоставуваат дека фотографијата е направена во летото оваа година, кога Хана и Грашо наводно веќе биле во љубовна врска.
Да потсетиме, пејачката Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо годинава раскинаа по 24 години врска. Романсата на Грашо со Хана трае веќе некое време, а нивната врска ја благословија нејзините родители Вјекослава и Тончи Хуљиќ, кој за „Вечерњи лист“ изјави дека „ако Хана и Петар се среќни, тогаш и тој и Вјекослава се среќни“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм