УЖИВА ВО СТАРЕЕЊЕТО Актерката не ја бојадисувала косата една година, ги покажа седите влакна во Париз (ФОТО)
Енди уште еднаш ја покажа природно седата коса на пистата и ги воодушеви гостите. Таа носеше фустан со светки со бели пердуви кој имаше длабок шлиц на ногата.
„Во текот на пандемијата можев да ги видам сивите корени како ми стојат на лицето, кожата и очите и ми се допадна“, рекла актерката Енди Мекдауел (64) во јуни кога пристигна на премиерата на филмот во Њујорк со природна, седа боја на косата. Сега тоа го повтори и на ревијата на Модната недела во Париз, каде прошета по пистата и ги воодушеви сите со својот изглед.
Енди уште еднаш ја покажа природно седата коса на пистата и ги воодушеви гостите. Таа носеше фустан со светки со бели пердуви кој имаше длабок шлиц на ногата. На актерката во еден момент на пистата ѝ се придружи и нејзината колешка Ева Лонгорија (47).
View this post on Instagram
Ревијата во која се појавија актерките ја организираше француската козметичка групација „Л’Ореал“.
За потсетување, Мекдауел престана да ги бојадисува своите кадрици во 2021 година.
– Чувствував дека ќе бидам посреќна. И посреќна сум. Многу ми се допаѓа – прокоментира претходно таа.
– Имам 64 години и ова е време од мојот живот. На крајот ќе бидам седа и сакав да го доживеам ова искуство и да се чувствувам онаква каква што навистина сум – додала таа и открила дека нејзината постара сестра ја инспирирала да го направи тоа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм