УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛИОТ ДЕН Од недела дожд и ветер

349

Денеска и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе биде 17 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Поврзани содржини