УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО ДОДЕКА ГО ИМА Студениот бран ќе нѐ поклопи в четврток

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината, информираше УХМР.

662

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер, информираше УХМР.

„Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата“, се вели во соопштението на УХМР.






Времето во понеделник:

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Времето во вторник:

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Времето во среда:

Променливо облачно, од утринските часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Поврзани содржини