Уживај Кастриот, ти излажа само еднаш

Останува да се надеваме на бугарската страна дека ќе биде поразумна, но тоа не значи дека ќе биде повеќе попустлива, напротив, ќе биде построга, поригорозна и пометодична во пристапот и во остварување на своите барања.

3,324

Датум за преговори нема, изгледа ова е петти пат како нè излажаа и така купуваа време, издејствуваа едни предвремени, одржуваа политички консензус после изгубени локални, купуваа дури и пратеници.

Тоа е, натераа и други да лажат за да го оправдаат нивното лажење кое трае со години. Уживај Кастриот, ти излажа само еднаш.






И во 2022 влегуваме со неиздржлив товар од лаги, со ослабната власт на која ќе ѝ треба време да се консолидира, со милионерски криминалец како Бучковски за преговарач и со Али, Груби и Османи како главни играчи, предлагачи на фантазмагорични планови Б или „француски сендвичи”, додека Албанците и нивните претставници воопшто не ги интересира бугарското силување и македонските чувства.

Останува да се надеваме на бугарската страна дека ќе биде поразумна, но тоа не значи дека ќе биде повеќе попустлива, напротив, ќе биде построга, поригорозна и пометодична во пристапот и во остварување на своите барања.

Политичкиот одлучувач воопшто не го интересира историската вистина, го интересира само како да ја направи неговата вистина кохерентна со неговите политички цели.

За жал, додека е разбирливо тоа да биде позицијата на Бугарија, затоа што врши историска и морална ревизија, тотално неразумно е таков да е случајот и со нашите политичари.

Гледаат само како да не излажат дека нешто прават или дека нешто ќе постигнат без сериозни и неприфатливи откажувања од нашите историски и национални атрибути.

Еве ја оставштината на еден премиер во заминување: лаги, понижувања и одложувања.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини