УЖАСОТ ВО СЛОВЕНИЈА НЕ ЗАПИРА Пронајдено мртво тело затрупано во септичка јама

Човекот починал додека ги отстранувал последиците од поплавите поредизвикани од силното невреме што ја зафати Словенија.

415

Во септичка јама во областа Мост при Коменда во Љубљана, пронајдено е затрупано мртво тело, јавува словенечката новинска агенција. Според првичните информации што ги пренесуваат словенечките медиуми, се работи за маж кој починал додека ги отстранувал последиците од поплавите поредизвикани од силното невреме што ја зафати Словенија.

Човекот настрадал кога расчистувајќи паднал во јама со отворена шахта. Се наведува дека смртта не е последица на кривично дело.






Полицијата продолжува да прибира информации и сите околности ќе ги пријави до надлежното државно правобранителство, соопшти словенечката полиција.

Во невремето во Словенија животот го загубија четири лица.

Поврзани содржини