УЖАСОТ НА ВОЈНАТА Русите убиле 136, а Украинците 80 деца, голем број од нив користени како жив штит
Инаку руските вооружени сили и сродните вооружени групи се додадени на „списокот на срамот“ на ОН во врска со кршењето на правата на децата за време на конфликтот, поради нивните дејствија во Украина, се наведува во копија од годишниот извештај на генералниот секретар на ОН.
Обединети нации ги додадоа руските вооружени сили на глобалната листа на престапници поради убиство на 136 деца во Украина минатата година.
Според извештајот доставен до Советот за безбедност на ОН, руските сили и сојузничките групи минатата година во Украина убиле 136 деца, осакатиле 518 деца и извршиле 480 напади врз училишта и болници.
Според извештајот, 91 дете биле користени како жив штит.
Од друга страна, украинските вооружени сили, според извештај, убиле 80 деца, осакатиле 175 деца и извршиле 212 напади врз училишта и болници.
Инаку руските вооружени сили и сродните вооружени групи се додадени на „списокот на срамот“ на ОН во врска со кршењето на правата на децата за време на конфликтот, поради нивните дејствија во Украина, се наведува во копија од годишниот извештај на генералниот секретар на ОН.
– Посебно сум шокиран од големиот број напади врз училишта, болници и заштитен персонал, како и големиот број на загинати и осакатени деца што им се припишуваат на руските сили и поврзаните вооружени групи – рече Антонио Гутереш во извештајот за 2022 година што ќе биде објавен следната недела, а во кој имале увид француски медиуми.
Тој наведува дека е шокиран од големиот број сериозни прекршувања на правата на децата во Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја.
Иако украинските вооружени сили не беа вклучени во анексот каде што се именувани одговорните за овие прекршувања, извештајот наречен „список на срамот“, сепак Гутереш ја предупредува Украина за бројот на убиени и осакатени деца и за нападите врз училиштата и болниците.
Генералниот секретар предупреди дека во следниот извештај ќе посвети посебно внимание на таа ситуација.