🎥УЖАСНОТО ЗЛОСТОРСТВО НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОДГОВОР Убиени 85 луѓе, најмногу од нив девојчиња, во напад врз училиште во Иран

Нападот врз основното училиште во Минаб е ужасно злосторство, кое уште еднаш покажа дека лажните бранители на човековите права ги кршат сите меѓународни норми, вели гувернерот на покраината Хормозган.

297

Најмалку 85 луѓе, најмногу ученички се убиени, а повеќе од десетина се повредени во израелски напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб на југот на Иран, јави иранската државна радио-телевизија ИРИБ.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го осуди нападот врз училиштето и рече дека злосторствата нема да останат неодговорени.






– Нападот врз основното училиште во Минаб е ужасно злосторство, кое уште еднаш покажа дека лажните бранители на човековите права ги кршат сите меѓународни норми, напаѓајќи беспомошни цивили наместо воени цели – објави гувернерот на покраината Хормозган, Мохамед Ашури, пренесува агенцијата Тасним.

Поврзани содржини