УЖАСНО ЗЛОСТОРСТВО Британка мислела дека двете деца ѝ починале во трагедии, но ги убил нејзиниот партнер

Поранешниот партнер на Лора Греј ги убил 24-дневниот Руби и 21-месечниот Логан во изопачен обид да ја натера Лаура да остане со него, пишува „Дејли мирор“.

1,492

Скршената Лора Греј со години ги оплакувала своите две деца, верувајќи дека останала без нив во одвоено страшни трагедии. Тоа било незамисливо страдање, поголемо од тоа што која било мајка треба да го поднесе. Меѓутоа, уште повеќе болка и страдање следеле кога ужасната вистина излегла на виделина. Нејзиниот поранешен партнер ги убил 24-дневниот Руби и 21-месечниот Логан во изопачен обид да ја натера Лаура да остане со него, пишува „Дејли мирор“, пренесува хрватски „Индекс“.

Лора денес вели дека ја прогонуваат мислите за тоа како умреле нејзините малечки деца и дека е растргната од вината што не можела да ги спаси од Џордан Монаган.






„Постојано се чувствувам виновна, секоја ден се чувствувам виновна и постојано ми се врти во главата дали сум можела да направам нешто поинаку. Го носам тоа со себе секој ден. Ќе го носам со себе до крајот на мојот живот“, вели 29-годишната Лора.

Вистината излегла на виделина пет години по смртта на децата

Малата Руби била задушена во колевката во семејната куќа во Блекбурн. Осум месеци подоцна, Монаган го убил Логан во кабината на базенот, за потоа да го однесе неговото тело дома во детска количка. Лекарите заклучиле дека Руби имала воспаление на белите дробови, додека причината за смртта на Логан не може да се утврди. Лаура никогаш не се посомневала дека децата умреле од рацете на нивниот татко.

Но, пет години подоцна, во 2018 година, на виделина излегле информации за смртта на уште едно дете, а полицијата го уапсила 30-годишниот градежен работник Монаган под сомнение за убиство. Она што е уште позастрашувачки е, додека бил излезен со кауција и во тек била истрагата, ја убил својата девојка Иви Адамс (23) со смртоносен коктел од трамадол и дијазепам.

Во декември, Монаган бил прогласен за виновен за три убиства и два обиди за убиство на неидентификувано дете. Осуден е на минимум 40 години затвор. Застрашувачки, се покажало дека се обидел да ја задави Руби неколку дена пред нејзината смрт.

Идила прекината на ужасен начин

Лора вели дека семејството го имало најдобриот Божиќ откако се родила Руби на 8 декември 2012 година:

„Се чувствував како најсреќната мајка на светот, со моето мало семејство. Тоа беше сè што сакав. Бев решена да им го дадам своето на деца сето она што го немав јас“.

Но, оваа идила наскоро ќе биде прекината на ужасен начин. Лора редела облека на горниот кат кога слушнала како Монаган ја довикува. Додека брзала надолу, го видела како ја држи Руби, која се борела за здив. Лора во паника повикала брза помош, а Руби била задржана во болница три дена. Но, на новогодишната ноќ, еден ден откако била пуштена од болница, Монаган ја убил.

„Децата беа во кревет, ние гледавме филм и така ја дочекавме Новата година. Потоа си легнав. Џордан остана буден за да ѝ даде шише со млеко на Руби во два часот утрото. Се разбудив рано бидејќи Џордан викаше дека Руби не дише, истрчав долу и штом ја видов, сфатив дека е мртва. Повикавме брза помош и отидовме со неа во болница, но беше предоцна“, вели Лора.

Смртта првично била припишана на акутна пневмонија

Следела рутинска полициска истрага и смртта на Руби била припишана на акутна бронхијална пневмонија.

„Бев целосно скршена откако Руби почина. Се потпирав на Џордан за поддршка. Тој беше многу силен и практичен. Го планираше погребот, а потоа се врати на работа. Само продолжи да работи. Мислев дека тој мораше да остане силен за мене“.

„Не се сомневав во ништо. Се фокусиравме на Логан бидејќи тој беше сè што ни остана. Џордан беше многу близок со синот“, додаде таа. Но, тензиите меѓу двајцата се зголемиле кога Лора открила дека нејзиниот вереник не плаќа кирија и дека станал сериозно зависен од коцкање. Сè уште во грч од тага, таа му рекла на Монаган дека врската е завршена и дека мора да се отсели.

Си го убил синот ден откако му рекла да раскинат

Веќе следниот ден, Монаган го убил Логан. Тој го однел детето на локална плажа и го задавил во соблекувалната. Го вратил детето дома со количка со капак за дожд, лажејќи дека спие.

„Џордан ми рече да го разбудам Логан додека излезе да ја земе пицата. Знаев што се случило во моментот кога го кренав капакот за дожд. Изгледаше исто како Руби. Џордан се обиде да го реанимира. Се обидуваше да го прикрие она што го направи, направи шоу, знаејќи дека е веќе мртов. Бев шокирана, целосно уништена“, изјави Лора.

Монаган давал морничави интервјуа, зборувајќи за скршеното срце на семејството поради загубата на двете мали деца, молејќи за одговори. Вознемирената мајка доживеала слом и била примена во болница за да добие психијатриска помош. Но, таа и Монаган ја обновиле врската.

„Џордан ме посетуваше секој ден. Тој навистина ми даваше поддршка. Беше врската со моите две деца, единствениот кој знаеше како навистина се чувствувам“.

Ја убил новата партнерка додека бил излезен со кауција

Парот се обидел да продолжи да живее заедно, но Монаган повторно почнал да се коцка, па Лора конечно ја раскинала нивната врска. Потоа, во 2018 година стигна веста дека смртните случаи се повторно под истрага. Монаган беше уапсен, но сепак доби шанса повторно да нападне. Додека бил излезен со кауција, во октомври 2019 година, тој ја убил својата нова партнерка и лажирал порака за самоубиство, откако таа се обидела да ја прекине нивната врска.

За време на 10-неделното судење во судот во Престон, на поротниците им било кажано дека Монаган ги извршил убиствата затоа што не можел да се соочи со отфрлањето на неговите партнерки. Лора вели дека Монаган ги убил Руби и Логан за да ја натера да остане со него, знаејќи дека нема да замине ако изгубат дете.

„Тој знаеше дека имаме проблеми и мислам дека го направи тоа за да нè зближи, знаејќи дека ќе се потпрам на него како поддршка. И јас се потпирав на него, и тој знаеше дека ми треба“, објаснува Лора.

Надгробната плоча на гробот на Руби ѝ оддава почит на „малата принцеза“ и гласи: „На нашата љубов, мама и тато“. Лора тогаш немала поим дека Монаган е одговорен за нејзината смрт: „Ги посетувам нивните гробови секоја недела и е крајно болно да се види тоа. Сега барам начини да го отстранам „Тато“.

„Страшна е помислата што можеше да се случи ако не раскиневме“

Иако Лора вели дека било утеха да се запознае со семејството на Иви Адамс на судењето, ја прогонува и она што можело да се случи доколку таа и Монаган останеле заедно: „Страшна е помислата што можеше да се случи ако не раскиневме“.

Лора, исто така, се прашува што можело да се направи поинаку, објаснувајќи: „Кога ја најдов Руби, таа беше покриена со ќебе. Гледајќи наназад, немаше смисла. Ако таа навистина не дишела, би знаел, нели? Логан го зеде на пливање без мене. Џордан мразеше да плива, никогаш не одел на базени. Потоа дојде дома и инсистираше да го разбудам Логан за да бидам првата што ќе дознае дека е мртов. Сè уште се борам да не обвинувам себе си“.

Лора била најдобра пријателка со сестрата на Монаган и го знаела уште од мали нозе: „Гледајќи наназад, тој ме контролираше и тогаш, но јас не го сфатив тоа. Никој не го сфати. Во моите најлоши кошмари, не можев да замислам што носи иднината“.

Семејството и пријателите имаа добро мислење за него

Кога Лора имала 16 години, Џордан ја запросил клекнат на едното колено, а една година подоцна се преселиле во заеднички стан.

„Се смиривме и бевме многу среќни. Семејството и пријателите имаа добро мислење за Џордан. Немаше предупредувачки знаци“, се сеќава Лаура.

Двојката се обидела да има дете, а во 2011 година соништата на Лаура се остварија кога се родил Логан. Изгледало дека Монаган е „добар татко“. Сега Лора тешко може да се натера да го каже неговото име, нарекувајќи го цело време „ѓубре“.

Лора се обидува да го обнови својот живот со помош на новиот партнер Енди Чемберс (33). Долго време ѝ требаше повторно да им верува на мажите. Таа се надева дека еден ден ќе имаат деца заедно.

Ниту една казна не би била доволна

Лора исто така се надева дека ќе работи со жени заробени во насилни врски. Лора бара минлива утеха држејќи ги детските играчки, па дури и облеката што нејзините деца ја носеле на денот на нивната смрт.

Но, никогаш нема да може да му прости на Монаган:

„Никогаш не би била доволна никаква казна. Тоа што го направи е надвор од човечкото разбирање. Секогаш ќе го носам споменот на моите драги деца и сакам да ги направам горди. Тешко е да се има деца по она што се случи, но сакам да ја одржам таа надеж жива. Секогаш ќе бидам мајка, тоа е сè што сум сакала и Џордан не може да ми го одземе тоа“.

Поврзани содржини