УЖАСНО ВИДЕО ОД СИЛУВАЊЕ ЗАТВОРЕНИК ОБЈАВЕНО НА ТЕЛЕГРАМ Истрагата ја проверува автентичноста на снимката

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ќе биде потребна „сериозна постапка“ доколку се потврди „автентичноста“ на снимките

2,853
Руските власти денеска покренаа истрага откако беше објавена видео снимка од силување на еден затвореник, пренесена од невладина организација, која тврди дека примила стотици пријави за систематска тортура во руските затвори.





Невладината организација Гулагу.нет објави на социјалната мрежа Телеграм страшнo видео снимка од силување во траење речиси три минути.

Снимката е направена на 18 април 2020 година во болничкото одделение за затвореници кои страдаат од туберкулоза во Саратов, во централниот дел на Русија.

Гулагу.нет тврди дека примил повеќе од 1.000 снимки од тортура во затвор. Затворениците се малтретирани со цел од нив да се извлечат признанија или да соработуваат со чуварите.

– Снимките ги испрати поранешен белоруски затвореник кој престојувал во Саратов – изјави директорот на Гулагу.нет, Владимир Осечкин, кој живее во егзил во Франција.

Руската затворска служба денеска соопшти дека испратила инспектори во Саратов за да ја потврдат автентичноста на снимката.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ќе биде потребна „сериозна постапка“ доколку се потврди „автентичноста“ на снимките

Поврзани содржини