📽️ „УЖАСНИ СЕ, НЕ САКАМЕ ПОВЕЌЕ НИШТО СО НИВ“ Трамп ја критикуваше Шпанија, најави прекин трговските врски

Американскиот претседател Доналд Трамп најави трговски санкции поради одбивањето на Шпанија за користење на воени бази за напади врз Иран.

317

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија, откако шпанската влада одби да ѝ дозволи на американската војска да ги користи своите бази за операции поврзани со напади врз Иран.

– Шпанија беше ужасна. Му реков на секретарот за финансии да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со нив – рече Трамп за време на заедничка прес-конференција со германскиот премиер Фридрих Мерц.

 






Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно одлучи да не им дозволи на САД да ги користат воените бази за операции против Иран, оценувајќи дека нападот нема меѓународна правна основа и дека е без мандат на Обединетите нации.

Шпанската влада нагласи дека се спротивставува на иранскиот режим, но отфрла воена интервенција без јасна цел и поддршка од меѓународната заедница. Министрите за надворешни и одбрана, Хозе Мануел Алварез и Маргарита Роблес, потврдија дека Пентагон веќе повлекол околу 10 авиони-танкери KC-135 од базите Морон и Рота.

Шпанија е меѓу ретките европски земји кои јасно ја критикуваа акцијата на САД и Израел, додека другите членки на ЕУ изразија резерви, но нагласија дека ги разбираат целите на нападите. Мадрид инсистира на деескалација и враќање на преговорите, предупредувајќи дека продолжениот конфликт може да има сериозни последици за Европа.

Поврзани содржини