УЖАСНА ТРАГЕДИЈА Сопругата на фудбалерот се снимала додека возела, камион ѝ го смачкал мерцедесот (ВИДЕО)

Таа им подлегнала на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случила во Одеса.

5,348

Манекенката Викторија Данченко (27), инаку, сопруга на украинскиот фудбалер Олег Данченко, загинала во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Одеса.






Таа им подлегнала на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случила во Одеса, а работата да биде уште потажна, истиот ден нејзиниот сопруг потпишал договор со Зорја од Луганск и се согласил да се врати во родната земја.

Она што е дополнително трагично е што се` се случило истиот ден кога нејзиниот сопруг потпишал договор со Зорја од Луганск и се согласил да се врати во родната земја.

Според информациите на локалните медиуми, Викторија била зад воланот на мерцедесот на Олег, а сообраќајната несреќа се случила кога удрила во друг автомобил на патот. Нејзиното возило потоа имало судар и со камион, а пожарникарите го извлекле од искршениот автомобил безживотното тело на Викторија.

Пожарникарите со часови имале проблеми да го извлечат телото на сопругата на фудбалерот од возилото, а автомобилот со кој се возела е целосно уништен. Според некои извори од Украина, причина за несреќата е преголемата брзина со која Викторија често се фалела.

Таа и пред сообраќајната несреќа во која загинала, се снимала себеси додека вози.

Олег Данченко (27) е поранешен млад репрезентативец на Украина, а во својата богата кариера го носеше дресот на Шахтјор, руски Рубин, АЕК Атина, како и бројни помали екипи.

Поврзани содржини