УЖАС ВО ТУЗЛА Маж скокнал од зграда, во неговиот стан пронајдени три мртви тела

Се претпоставува  дека се работи за неговата сопруга и децата кои тој ги ликвидирал пред да изврши самоубиство.

1,485

Страшна трагедија синоќа ја потресе Тузла во Босна и Херцеговина, но и целиот регион. Маж се самоубил скокајќи од зграда во тузланската населба Ступине, откако претходно ги убил сопругата и двете деца, објави Српска инфо.

Од полицијата потврдиле дека во станот на мажот што вчера се самоуби, денеска биле пронајдени три тела. Се претпоставува  дека се работи за неговата сопруга и децата кои тој ги ликвидирал пред да изврши самоубиство.






Во тек е истрага, а наскоро ќе се знаат повеќе информации, пренесува Српска инфо.

Поврзани содржини