УЖАС ВО СТРУМИЦА 53-годишен струмичанец извршил обљуба врз малолетник со пречки во развојот
Осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека обљубата врз малолетникот ја извршил во подрумски простории на станбена зграда во Струмица.
Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.
Како што соопштија од СВР Струмица, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.
Лицето било задржано во Полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.