УЖАС ВО РИЕКА Маж уби жена во тепачка

941

Тепачка во која е убиена жена се случила денеска во барот „Пин“ во центарот на Риека, јави агенцијата хрватската агенција Хина, повикувајќи се на извори од полициската управа на Приморско-горската жупанија.

Според првите податоци, во тепачката учествувале маж и жена.






Во 14.42 часот полицијата добила пријава дека во бар на Павлинскиот плоштад дошло до тепачка, како и дека е повредена една жена. Полицајци и медицински лица излегле на местото на настанот и се обиделе да ја реанимираат повредената жена.

Полицијата не соопштува други детали за настанот.

Вечерва е уапсен мажот кој е осомничен за убиство. 

Поврзани содржини