УЖАС ВО ДЕМИР КАПИЈА Куче обесено на дрво, жителите во страв
Јавноста е видно вознемирена, бидејќи речиси сите жители на градот и околината се плашат за својата безбедност. Според нив, некој кој го направил тоа на животно, нема да се двоуми да повреди или убие и човек.
Грозоморни фотографии од обесено куче во Демир Капија се споделуваат на социјалните мрежи.
Поради тоа што содржината од фотографиите може да вознемири, ужасне и исплаши, истите нема да ги реобјавиме.
Случајот го откри организацијата „Шепасти ентузијасти“.