УЖАС ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД Автобус со голема брзина влета на автобуска постојка, има повредени
На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.
Во сообраќајна несреќа во Нов Белград утрово повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.
Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена.
На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.
Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници.
Според локалните медиуми, возачот на автобусот е од Шри Ланка.