УЖАС НЕ Е ДОВОЛЕН ЗБОР ДА СЕ ОПИШЕ ГЛЕТКАТА ВО КОЧАНИ Стојанче Ангелов изрази сочувство до семејствата на загинатите

Не можам да одберам ниту соодветен збор со кој ќе ја опишам тагата која ја чувствувам цел ден, напиша директорот на Центарот за управување со кризи на Фејсбук.

733

Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека затекнал ужасна глетка во дискотеката во Кочани. Во емотивен статус на Фејсбук тој изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Ужасна беше глетката која рано утрово ја затекнав во изгорената дискотека во Кочани. Всушност, ужас не е доволен збор. Не постои соодветен збор со кој можам да ја опишам оваа ужасна трагедија.






Не можам да одберам ниту соодветен збор со кој ќе ја опишам тагата која ја чувствувам цел ден.

Скршен од болка не можам да најдам ниту доволно силен збор со кој можам да го искажам моето сочувство кон сите кутри семејства кои ги загубија своите млади синови и ќерки.

Бог да ги прости починатите и нека им дава сила на нивните семејства“, напиша Ангелов.

 

Поврзани содржини