📷 УЖАС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ВАРШАВА Студент нападна жена со секира, па рани чувар

„Полсат њуз“ пишува дека 22-годишниот студент го ранил 39-годишниот чувар кој се обидел да ја одбрани жената. Жената починала на самото место, а повредениот маж бил однесен во болница во тешка состојба.

276

Студент од кмапус на Универзитетот во Варшава во Полска уби жена и рани чувар со секира, пренесува „Полсат њуз“. Според медиумот, властите пронашле отсечена глава на 53-годишна жена заедно со оружјето. Обвинителите не ја потврдија оваа информација.

На социјалните мрежи се појави слика од напаѓачот со непроверен коментар дека по убиството студентот извршил канибализам.

 






„Полсат њуз“ пишува дека 22-годишниот студент го ранил 39-годишниот чувар кој се обидел да ја одбрани жената. Жената починала на самото место, а повредениот маж бил однесен во болница во тешка состојба.

„Вработен на Универзитетот во Варшава е убиен, а еден обезбедувач е повреден и е во тешка состојба во болница“, изјави портпаролот на окружното обвинителство.

Полицијата потврди дека уапсила Полјак (22), студент на право на трета година. Според досегашните информации, тој нема криминално досие.

Засега не е познато кој е мотивот за бруталниот напад.

 

Поврзани содржини