УЖАС НА КОНЦЕРТОТ НА ХАРИ СТАЈЛС Човек падна од трибините во публиката
Засега не се знае во каква состојба е повредениот, чие име не е познато.
Концертот што во саботата го одржа британскиот пејач Хари Стајлс во Глазгов заврши со трагедија откако еден обожавател падна од горниот балкон во публиката.
Инцидентот се случил околу 22 часот и 15 минути додека поранешната ѕвезда на „Уан дирекшн“ настапувала на градскиот стадион „Ајброкс“.
Полицијата соопштила дека мажот паднал од највисоката трибина на трибината под неа пред да заврши настапот. На концертот присуствувале околу 50.000 луѓе, а некои велат дека човекот паднал додека Стајлс ја изведувал својата песна „Kiwi“, пренесува „LADbible“.
– Полициски службеници биле известени за маж кој паднал од трибините на стадионот во Глазгов околу 22:15 часот во саботата, 11.06.2022 година. Немало сомнителни околности, а човекот бил прегледан од медицински персонал – изјави полицијата за „The Scottish Sun“.
Засега не се знае во каква состојба е повредениот, чие име не е познато. Бројни фанови ја изразија својата загриженост поради инцидентот на Твитер.8