Ужас: Мајка од Сплит си го силувала синот, добила 5 години затвор

926

На пет годни затвот осудена е 47-годишна мајка од Сплит која сторила две кривични дела на сопственото дете – полов однос додека имал неполни 8 години и десет години подоцна, за сексуално злоставување на синот кој тогаш имал 15 години, јавува Далмација денес.

Целиот случај е откриен при карјот на 2018 година кога „мајката од пеколот“ завршила во истражниот затвор на 50 дена, а кога излегла од затворот, одредена и е мерка забрана да контактира со синот.






Подигнато е обвинение, а денеска Жпанискиот суд во Сплит ја осуди мајката првенствено на темел на психолошкото вештачење. Бидејќи за злосторствата немало очевидци, туку само неколку посредни сведоци, клучни се разговорите на вештаците со трауматизираното момче. Ставот на вештаците, кој судот го прифатил, е дека тие грозни работи навистина се случиле и дека ништо не е измислено.А, описот на злосторството во пресудата е шокантно. Според пресудата, првите злоставувања се случиле во 2007 и 2008 година кога момчето и покрај неговото неодобрување и оттурнување, му ја соблекла облеката и неговиот полов орган го ставила во уста. Десетина години подоцна, во 2018 година, во десетина наврати мајката го присилила на сексуален однос, заканувајќи му се дека физички ќе го казни, но и дека ќе го избрка од дома.

Иако не била на објавувањето на пресудата, во текот на судењето мајката се бранела со изјави дека се е измислено, односно дека синот на тоа го наговорил нејзиниот поранешен сопруг од кој се развела пред 15 години. Денеска полнолетното момче не живее со неа.

Поврзани содржини