УВЕЗЕНИ СЕ 8,5 ТОНИ МАРИХУАНА ОД ЛЕСОТО Причина повеќе ВМРО-ДПМНЕ да не го гласа Законот за дроги
Портпаролот на партијата рече дека со тоа ќе се спречи она што го прави сега Лесото да го прави премиерот Зоран Заев со своите фирми за производство на дрога.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е децидна дека нема да дозволи да се донесе Законот за дроги со кој се овозможува увоз и извоз на канабис и цвет од канабис. Портпаролот на партијата Димче Арсовски на прес-конференција рече дека еден од поводите за тоа е и информацијата која е пласирана вчера а се однесува на увоз на 8,5 милиони тони марихуана од Ласото.
– Веста дека во Македонија се увезени 8.5 тони марихуана, и тоа внимавајте од Лесото, една од најнеразвиените земји од Африка, во вредност од десетици милиони евра е показател за неколку работи. Прво дека Македонија под водство на Зоран Заев стана најпримамлива како држава за бизнисот со дрогата и канабисот. Второ, очигледно е дека од 50 лиценци кои се дадени за одгледување марихуана, не функционираат сите фирми и полесно е да се увезува од странски земји како на пример Лесото од Африка, отколку фирмите тука да произведуваат канабис. Зошто е тоа така, затоа што говоревме и претходно, сите оние лиценци хиперпродукција кои беа издавани од Владата и потпишувани лично од Зоран Заев, беа давани само поради тоа што беа платени кај пајташите на Зоран Заев за подоцна кога планот на Зоран Заев би се донел законот за трговија со канабис којшто е сега предложен, да можат да ги препродадат истите лиценци – рече Арсовски.
Тој додаде дека за жал на Заев, а за среќа на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи тој закон да се изгласа и да се донесе во Собранието.
– Законот кој треба да го брани Венко Филипче со една и единствена цел да овозможи ова што го прави Лесото од Африка да го прави на легален начин и семејството Заеви, бидејќи се најбројните сопственици на лиценци за одгледување канабис – рече Арсовски.
Тој потсети на апсењето за криминалот со дрога од пред неколку месеци.
– Влезени се 8.5 тони марихуана, а сите се сеќаваме од пред само неколку месеци на шверцот на марихуана од пред неколку месеци, каде што најблиските луѓе на Заев како Кире Чипсио кој што беше командир на полициската станица во Прилеп и како возачот на Трајче Заев, беа уапсени од страна на американската ДЕА за шверц на канабис. Зоран Заев претходно најавуваше инвестиции од типот на Гугл, Фејсбук и големи светски компании кои што едвај ги изговараше, а на крајот на Македонија стана тло на бизнис на увез на 8,5 тони дрога, која по се се гледа дека не е ниту за лично уживање на некого ниту за нешто слично, туку единствено за бизнис и никој не знае каде ќе заврши толкава количина на дрога. На крајот уште еднаш да потенцираме, Зоран Заев ја направи Македонија тврдина за бизнисот со дрога кој е директно раководен од фамилијата Заеви кои што од фамилија прераснаа во нарко картел – рече Арсовски.