ЈУВЕНТУС НА ТЕШКИ МАКИ Ќе изгубат ли „бјанконерите“ 60 милиони евра?
„Бјанконерите“ моментално се наоѓаат на петтото место во италијанското првенство, еден бод зад тимот на Болоња, кој ја зазема четвртата позиција на пет кола пред крајот на сезоната.
Јувентус ќе изгуби околу 60 милиони евра ако не успее да се квалификува за Лигата на шампионите, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.
„Бјанконерите“ моментално се наоѓаат на петтото место во италијанското првенство, еден бод зад тимот на Болоња, кој ја зазема четвртата позиција на пет кола пред крајот на сезоната.
Судбината, не само на главниот тренер на торинскиот гигант, Игор Тудор, туку и на многу од играчите во тимот, зависи од нивниот евентуален пласман во Лигата на шампионите. Федерико Гати, Андреа Камбијасо, Даглас Луис, Вестон МекКена, Матија Перин и Душан Влаховиќ се дел од играчите чија иднина во Јувентус е сè уште непозната.
Има и други играчи во тимот кои не се задоволни со својот статус или со целите на тимот и исто така ќе сакаат трансфери по завршувањето на сезоната.
Во недела, „бјанконерите“ ја пречекуваат Монца во натпревар од Серија „А“.