„Јутубер“ два часа гледал во празно и собрал 3 милиони прегледи (ВИДЕО)
Тој на својот канал објавува видео содржини во кои експериментира со храна, а сосема случајно одлучил да се оттргне од кулинарската тематика и да сними нешто невообичаено.
Индонезиски „Јутубер“ (21 година), чие корисничко име е „sobat miskin official“, објави видео на својот канал кое собра три милиони прегледи за само еден месец. Видеото е насловено: Два часа да не правите ништо.
И покрај фактот што ова видео го прикажува „Јутуберот“ како два часа гледа во празно, многу бргу стана вирално и го привлече вниманието на јавноста.
– Не очекував толку голема популарност. Видеото го направи од шега и беше наменето за моите пријатели кои постојано ме следат кога ќе објавам едукативна содржина. Не сметав дека ќе го прегледаат толку многу луѓе – вели тој.
Тој на својот канал објавува видео содржини во кои експериментира со храна, а сосема случајно одлучил да се оттргне од кулинарската тематика и да сними нешто невообичаено.
– Замислете да го правите ова два часа и притоа да заборавите да притиснете да се снима – стои во едено од коментарите под видеото.
– Луѓето мислат дека не може да се заработат пари седејќи и гледајќи во празно, но овој дечко докажа дека и тоа како може – се пошегувал друг.
– Најдобар дел од ова видео е кога гледа во празно и не работи ништо – заклучи трет.