Утрово во Кичево опожарен автомобил „јагуар”

Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица - информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

348

Во раните утрински часови или околу 1:40 часот пополноќ, во полициската станица Кичево пријавен е пожар во патнички автомобил „јагуар“, сопственост на А.М.(41) од Кичево, кој бил паркиран на улицата „Веле Змејковски“.

– Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица – информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.






Тој додаде дека вчера во 16:50 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на улица „Егејска“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување помеѓу К.Б.К(32) и Б.Ѓ.(24) од Кичево. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини